Политика за приватност

Во Мојата Приказна ја почитуваме вашата приватност и се грижиме за безбедноста на вашите лични податоци.

Кои податоци ги собираме?

При нарачка можеме да ги побараме следните информации:

  • Име и презиме
  • Телефонски број
  • Е-пошта
  • Адреса за достава
  • Фотографија на детето
  • Информации потребни за персонализација на сликовницата

Како ги користиме?

Вашите податоци се користат исклучиво за:

  • обработка на нарачката;
  • изработка на персонализираната сликовница;
  • комуникација со клиентите;
  • организација на испораката.

Дали ги споделуваме податоците?

Не. Вашите лични податоци не се продаваат ниту се споделуваат со трети лица, освен кога тоа е неопходно за испорака на нарачката (курирска служба).

Безбедност

Сите информации се чуваат со соодветни безбедносни мерки и се користат само за целите за кои се доставени.

Ваши права

Во секое време можете да побарате:

  • увид во вашите податоци;
  • исправка;
  • бришење;
  • повлекување на согласноста.

За сите барања контактирајте нè на mojataprikazna1@gmail.com.