Заштита на лични податоци (GDPR)

Мојата Приказна ги обработува личните податоци во согласност со важечките прописи за заштита на личните податоци.

Собраните информации се користат единствено за:

  • обработка на нарачките;
  • комуникација со клиентите;
  • испорака на производите;
  • подобрување на услугите.

Фотографиите што ги испраќате се користат исклучиво за изработка на персонализираната сликовница и не се објавуваат јавно без ваша претходна согласност.

По завршување на нарачката, податоците се чуваат само онолку колку што е потребно согласно законските обврски или за обезбедување на услугата.

Доколку сакате да побарате увид, измена или бришење на вашите лични податоци, можете да нè контактирате на mojataprikazna1@gmail.com.